Подраматично не можеше – Во фотофиниш се множеа коефициенти за премијата од 100.000 денари, Живко Орцев имаше и знаење и најмногу среќа

Живко Орцев од скопската населба Кисела Вода ја доби главната награда од 100.000 денари во третата етапа од многу популарната игра на Sport Life, „До 50 шанси за 100.000 денари“.

Во фотофиниш шампионот во етапата од 14 до 20 февруари победи со 43 погодени натпревари од 50.

Еднаков број погодоци имаше и второпласираниот Мишко Прошев, но со помал вкупен коефициент, па за него е наменето второто место и наградата месечно обложување цел месец со вредносни ваучери од по 100 денари.

„Во ваква трка досега не сум учествувал. Двајцата погодивме по 43 натпревари и веднаш ги множев коефициентите, кои беа на моја страна. Но, драмата продолжи на последниот ден од играта, на 20 февруари. Имаше тикет со 42 погодени дуели и со многу поголем вкупен коефицент од тој на мојот тикет. За среќа, останав прв со погоден еден натпревар повеќе“, вели Живко.

Во неделата, во последните мигови од рокот за третата етапа, Драгиша Петрушевски се проби на третото место и тој ќе може да игра цел месец во Sport Life со дневни ваучери од по 50 денари.

И тука имаше мртва трка за третото место бидејќи уште еден обложувач имаше погодени 42 натпревари, но со помал вкупен коефициент, што е втор критериум во играта.

„Ова само покажува колку е добра идејата на Sport Life да ја врати играта ‘До 50 шанси за 100.000 денари’. Ми се допаѓаат и останатите акции како Типстер купот, дневното мени што е различно секој ден, но мислам дека оваа игра им е најомилена на обложувачите“, вели новиот шампион и добитник на 100.000 денари.

Навива за Манчестер јунајтед и веднаш како од топ додава:

„Не ги играм во последно време, иако сум симпатизер на Црвените ѓаволи. Играат лошо и многу се нервирам кога ги следам. Имаат одлични играчи, но нешто не штима, па сè почесто избегнувам да ги ставам на тикет“, раскажува Орцев.

Најави дека ќе продолжи да учествува со играта „До 50 шанси за 100.000 денари“, а веќе е почната последната четврта етапа.

Интересен му е и Типстер купот, па и тука си ја пробува среќата.

„Играм редовно во Sport Life и тоа оддамна. Некако сум навикнат на билтенот, а во обложувалниците на Sport Life се чуствувам пријатно. Не сум хазардер, играм со мали влогови, за задоволство. Наградата од 100 илјади денари е како порачана бидејќи во последно време никако не успевав да направам добитен тикет. Сега ќе биде полесно да се игра. И лани во истата игра бев блиску до добивка, погодив 45 од 50 натпревари, но тогаш во веројатно најсилната етапа шампионот имаше 48 погодени натпревари“, додава шампионот во третата етапа на играта „До 50 шанси за 100.000 денари“.

Вели и дека нема посебна тактика кога ги прави тикетите со 50 натпревари, а единствено правило му е да има микс од повеќе спортови.

„Кога играм само фудбал, не можам да погодам повеќе од 30 натпревари, а ми се случувало во неколку обиди. Играм сè, и фудбал и хокеј, тенис, кошарка, ракомет… Така некако полесно се доаѓа до шанса за добивки. Најголемата добивка досега од околу 115.000 денари ја остварив кога се играше Европското првенство во Франција во 2016 година. Се сеќавам дека играа Италија и Шпанија меѓу себе во првата фаза од нокаут-системот и едноставно се поклопија коцките за убава добивка. Оваа награда сега од 100.000 денари ми е втора најголема во Sport Life“, ја заврши приказната третиот шампион сезонава во играта „До 50 шанси за 100.000 денари“.

 

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести