Манчестер јунајтед е домаќин, но за нив овој меч речиси и да нема никакво значење. Црвените ѓаволи дека веќе како да се распуштија говори и убедливиот пораз во претходното коло од Кристал Палас со 4:0.
Од друга страна, Арсенал е во трка за титулата со Манчестер сити и Топчиите мора да победат ако сакаат да останат во трка за трофејот. На последните шест меѓусебни дуели има по три победи на двата тима.
Дури 15 играчи се во трката за стрелец на гол, а тука се и игрите кога ќе биде постигнат првиот или последниот корнер, кој прв ќе добие жолт картон или кој прв ќе направи замена.
Сите прогнози велат дека се очекува победа на Топчиите.