Струга ТЛ ако го елиминира Слован Братислава, ќе добие многу полесен ривал и ќе биде фаворит

Македонскиот првак Струга Трим Лум на 9 или 10 јули ќе игра против Слован Братислава во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, додека реваншот е седум дена подоцна. Струга ТЛ е во улога на аутсајдер, но сепак не е без шанси да помине во следната фаза.

Доколку Струга ТЛ успее да го елиминира Слован, во второто квалификациско коло ќе игра против победникот од Флора Талин од Естонија и Целје од Словенија и ќе биде во улога на фаворит затоа што во таа пресметка ќе влезе од позиција на носител. Првиот меч ќе се игра на теренот на противникот, а реваншот на свој терен ќе го игра подобриот од двомечот меѓу Струга ТЛ – Слован Братислава.

- Оглас -

Најнови вести