Репрезентацијата на Колумбија е во неверојатна форма и повеќе од две и пол години нема ниту еден пораз. Со 21 победа и пет ремија во последните 26 средби, Колумбија сигурно ќе атакува и на трофејот на Копа Америка, каде што стигна до полуфиналето.
Уругвај е следниот ривал за Колумбија, која треба да има голема поддршка и од трибините. На последниот меч на кој Колумбија убедливо со 5:0 ја победи Панама, во преден план се најде една атрактивна навивачка, која за кратко време стана планетарно позната.
Се работи за Венди Санчес. Таа е 24-годишна студентка, која облечена многу оскудно, ги привлекува погледите на сите останати на трибините.
„Оваа облека ја имам од порано, а сега решив да ризикувам и да ја носам на мечевите на Колумбија. Не верував дека ќе привлечам толку големо внимание“, рече Венди, која на „Инстаграм’ има околу 260.000 следбеници, а на нејзиниот профил има многу атрактивни фотографии.