Легендарниот капитен на Лацио ќе потпише за турскиот гигант

Турскиот гигант Бешикташ е решен во своите редови да го доведе легендарниот капитен на Лацио, Чиро Имобиле. Според турските медиуми, клубот од Истанбул е подготвен да му плати четири милиони евра оштета на Лацио, а Имобиле да потпише двегодишен договор.

Искусниот 34-годишен напаѓач минатата сезона одигра 43 меча за Лацио и постигна 11 гола. Имобиле е во Лацио од 2016 година и во 340 натпревари во небесно-синиот дрес има постигнато 207 гола.

- Оглас -

Најнови вести