Вардар го дефинира распоредот на пријателски, денеска е првиот предизвик

Најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар, денеска започнува со контролните дуели. Прв ривал на Црвено-црните ќе биде словенечкиот прволигаш Мура, а дуелот ќе се игра во 18 часот.

По овој меч следуваат уште четири пријателски натпревари кои се потврдени. На 17 овој месец Вардар ќе игра против Словенска Бистрица, потоа следува дуел против Карда Мартјанци, а за крај оставени двете најатрактивни пресметки.

На 23 јули, кога и ќе се слави роденденот на Вардар, на „Максимир“, Црвено-црните ќе играат против хрватскиот првак, додека на 27 овој месец контролните дуели ќе се комплетираат со натпреварот против Свонси, кој е дел од англиската Чемпионшип лига.

Вардар веќе неколку дена е на подготвки во Словенија, каде што на тимот му се приклучија и неколку нови играчи.

- Оглас -

Најнови вести