Димитријевиќ: За мене ова е остварување на детскиот сон

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ летово направи трансфер од Уникс Казањ во Олимпија Милано, па во новата сезона ќе има еден нов голем предизвик за него, а тоа е настап во Евролигата. Димитријевиќ вели дека со тоа што ќе заигра во најсилната европска кошаркарска лига, ќе му се оствари еден голем детски сон.

„Многу сум среќен што сум овде, искрено. Ја следам Евролигата уште од својата седма година, ја знам нејзината историја, знам кој победи на Ф4, кои се учесниците. Тоа што јас ќе бидам дел од Евролигата, за мене е остварување на сонот. Едвај чекам да заиграм и да покажам што знам. Првите недели во Милано беа посебни. Полека се прилагодувам, ги запознавам луѓето, оние кои работат во клубот, моите соиграчи. Секако дека сум среќен, има многу добри момци со кои ќе ми биде задоволство да го делам теренот и евентуално да имаме победничка сезона. Тренерот ми рече да бидам свој и тоа ќе го направам“, вели Димитријевиќ во интервју за клупскиот сајт на италијанскиот тим.

- Оглас -

Најнови вести