Некогашниот португалски репрезентативец Луис Нани оваа сезона се врати во родната земја и е дел од тимот на Естрела Амадора. Нани е далеку од препознатливата форма кога стекна светска слава играјќи за Манчестер јунајтед, но повторно е во фокусот на јавноста, но не поради фудбалските способности.
Според пишувањата на „Сан“, еден навивач на Естрела Амадора во четвртокот се појавил пред клупскиот спортски центар во дресот на Нани, со кои Португалија настапија на Европското првенство во 2016 година, кога станаа и европски прваци.
Детето рекло дека дресот не е оригинален и дека го купил од продавница. Сепак, кога детето побарало Нани да се потпише на дресот, фудбалерот реагирал непримерно. Наместо да стави автограм, Нани го грабнал дресот и си заминал, без да го врати, оставајќи ги збунети сите останати навивачи.
Former Man Utd star Nani ‘reported to police for swiping shirt from fan – after claiming it was STOLEN’https://t.co/8dC3uNktWE
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) October 18, 2024
Детето решило да поднесе пријава до полицијата против Нани, а подоцна фудбалерот се огласил велејќи дека мислел дека тоа е неговиот дрес кој бил украден од неговиот дом во 2017 година.
Естрела Амадора е десетиот клуб на Нани во кариерата. Претходно има настапувано за Спортинг Лисабон, Манчестер јунајтед, Фенербахче, Валенсија, Лацио, Орландо сити, Венеција, Мелбурн виктори и турската Адана.
Најдобрите моменти во кариерата ги имаше во дресот на Манчестер јунајтед, клуб во кој одигра 230 меча во кои постигна 41 гол, а имаше и 71 асистенции. Со Црвените ѓаволи ги освои сите најзначајни трофеи под водство на Сер Алекс Фергусон.