Партизан со пресврт во второто полувреме стигна до победа од 3:1 против Чукарички. Гостите водеа на полувреме, а Партизан во вториот дел постигна три гола и стигна до четвртата победа во низа во првенството.
По дуелот, големо беше незадоволството кај гостинскиот тим, а жестока реакција имаше од спортскиот директор на Чукарички, Владимир Матијашевиќ, кој обвини за „наместен меч“.
„Наместо после натпреварот да се зборува за атмосфера, полни трибини, убави голови и сите задоволни, на стадионот во Хумска се виде скандал. Партизан победи со пресврт, но натпреварот беше решен со водство на нашата екипа со 1:0 и тоа меѓу две полувремиња. На тоа им „честитаме“ на господата во одела од централната ложа. Ако ова е Партизан што сакате да го создадете , вие сте на вистинскиот пат. Се што се гледа во Хумска е деградација на српскиот фудбал. Вака не можеме да одиме напред. И покрај тоа што државата како никогаш досега му помогна на Партизан, што пред само неколку дена директно плати пари за европската лиценца, а тоа имаат неспоредливо поголем буџет, не можеа да не победат 11 на 11“, вели Матијашевиќ во дел од својата реакција.
Матијашевиќ дури му се обрати и кон претседателот на Србија, Александар Вучиќ, барајќи тој да ги заштити.
„И поради сето тоа бараме од претседателот Александар Вучиќ да не земе под своја заштита. Не ни е јасно зошто сите го саботираат Чукарички. Веројатно поради тоа што не добивавме пари од државата, што сами си го полниме буџетот, што работиме како што налага редот и што голем број семејства живеат од овој клуб. И веројатно поради фактот што за разлика од многу други, вклучително и нашиот вечерашен ривал, плаќаме даноци навреме, во динари, без ниту еден ден задоцнување. Вучиќ често не споменуваше како светол пример. Затоа бараме од него, заради српскиот фудбал и 300-те момчиња кои тренираат во Чукарички, да внимава на работите што се случија во Хумска. И не само таму, имаше и други игри во кои бевме тешко оштетени“, потенцира еден од главните луѓе во Чукарички.
“