Слот: Во моментов тешко дека некој може да нѐ победи

Ливерпул сезонава игра одлично и затоа е лидер во англиската Премиер лига, но и на табелата во Лигата на шампионите. Ливерпул одигра вкупно 18 меча и има 16 победи, едно реми и само еден пораз.

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, е презадоволен од победата над Манчестер сити во дербито на Премиер лигата.

„За да се победи Манчестер сити, мора да изгледате перфектно на теренот. Мора да се биде совршен од секој аспект. Никој во клубот, вклучувајќи се и самиот себеси, не очекувавме дека може да имаме ваков старт на сезоната. Знаев дека Јирген Клоп ми остави одлично подготвен тим, но не верував дека ќе имаме таква серија на победи против толку добри екипи. Ние сме тим кој тешко може да биде победен, но мора да ја задржиме концентрацијата затоа што екипи како Арсенал и Манчестер сити имаат моќ да направат серија добри резултати какви што ние имаме сега“, вели Слот.

Ливерпул блеска на сите полиња и ги доби сите дерби-дуели како во Лигата на шампионите така и во домашното првенство.

- Оглас -

Најнови вести