Манчестер сити немаше милост и го торпедираше Ипсвич (Видео)

Манчестер сити немаше милост и убедливо со 6:0 го победи Ипсвич на гостински терен во меч од 22 коло на Премиер лигата. Домашниот тим кој е во зоната за испаѓање, нешто повеќе од 25 минути успеа да одолее на фаворитот, а потоа Фил Фоден го донесе Сити до предност од 1:0.

До крајот на првото полувреме погоди и Матео Ковачиќ за 2:0 во 30 минута, а Фоден со својот втор погодок зголеми на 3:0 по првите 45 минути.

И во второто полувреме Сити продолжи да напаѓа, па следуваше погодокот на Доку за 4:0 во 49 минута.

Во листата на стрелци се запиша и Ерлинг Халанд со погодкот во 57 минута, а до крајот на дуелот погоди и Мекати за 6:0 во 69 минута.

Со оваа победа Сити стигна до 38 бодови и сега е на четвртото место на табелата, со 12 бодови помалку од лидерот Ливерпул, кој има одиграно и еден меч помалку.

- Оглас -

Најнови вести