Милан стигна до победа од 3:2 во дуелот против Парма, иако Росонерите два пати беа во негатива на „Сан Сиро“, во меч од 22 коло на Серија А.
Парма одлично започна и поведе со 1:0 благодарение на голот на Канцелиери во 24 минута и тоа со одличен шут од далечина.
Милан израмни пред крајот на првото полувреме. Беше досуден пенал, а Кристијан Пулишиќ беше прецизен за 1:1, што беше резултат од првото полувреме
Возбудувањата продолжија во второто полувреме, а Парма беше екипата која повторно стигна до водство. дел Прато погоди за 2:1 за гостите во 80 минута, но потоа домаќините „се разбудија“.
Во судиското надополнување, односно во 90+2 минута Рајндерс погоди за 2:2, а потоа во 90+5 минута погоди и Чукуезе постигна гол за делириум кај навивачите на Милан на „Сан Сиро“.
Milan 2-2 Parma – Tijjani Reijnders 92′
byu/dawnsreaper insoccer
Milan 3-2 Parma – Samuel Chukwueze 95′
byu/dawnsreaper insoccer