Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер вечерва ќе гостува во Берлин на дуел против Фуксе, во 13-тото коло на Лигата на шампионите. Фуксе Берлин е огромен фаворит за победа, а и тоа е повеќе од јасно ако се знае дека германскиот тим во есенскиот дел славеше на гости во Битола со убедливи 30:22.
Речиси сигурно Фуксе ќе биде на четвртото место на табелата, а Пелистер ќе остане без пласман во осминафиналето на ЛШ затоа што моментално е на седмото место, со два помалку од Динамо Букурешт и Висла Плоцк, кои имаат и подобар меѓусебен биланс со битолчани.
Филип Кузмановски треба да биде предводик на битолчани во Берлин, а во понудата на Sport Life, границата на постигнати голови е поставена на 6,5 погодоци. За Жарко Пешевски да биде во „плус голови“ треба најмалку трипати да ја затресе мрежата на домаќините.
Повеќе од 20-мина ракометари од четирите денешни натпревари се дел од понудата „плус-минус“ голови.