И со мечеви од пониските лиги може да се стигне до добивка

Регенсбург – Гројтер Фирт (20:30 ч.)

Една од најбогати со голови во Европа е германската втора лига. Токму затоа речиси и да нема меч на којшто не се очекуваат погодоци. Регенсбург е на средината на табелата и со евентуален триуфм, ќе се доближи кон оние клубови кои се надеваат дека може да стигнат до место за во Бундеслигата.

Гројтер Фирт има само една победа во последните четири и пол месеци, а ја има и третата најлоша одбрана во лигата, па головите се загарантирани.

Предлог тип: T12+&ГГ (2.55) – квота на денот во Sport Life

 

Ажаксио – Ленс (20:45 ч.)

Домаќинот се бори да не испадне, а гостите за место во Лига 1. Токму затоа во ситуација кога двете екипи се под притисок дека треба да освојат бодови, може да очекуваме напаѓачка формација на теренот.

Ажаксио е вториот најслаб домаќин и има освоено само 13 бода во 14 меча. Ленс игра многу променливо на гости, но кога е кај тим кој очигледно е послаб, гостите не смее да си дозволат пораз.

Предлог тип: X2&2-4 (2.15) – квота на денот во Sport Life

 

Нумансија – Малага (21 ч.)

Домаќинот е сигурен на средината на табелата и е без никаков притисок, за разлика од гостите кои се во трка за место во горниот дел од табелата. Малага моментно е на позиција која води во плејофот за разигрување во Примера дивисион. Во последните шест меѓусебни дуели, секогаш имало барем два погодока, па и сега најдобро е да се игра на голови, иако Малага ја има улогата на фаворит.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.45) – квота на денот во Sport Life

 

Банфилд – Годој Крус (23 ч.)

Дуел на две екипи кои се на 14-тото и 15-тото место на табелата во Аргентина. Годој беше во очајна серија од пет меча на коишто не успеа да даде ниту еден гол, а тоа беше прекинато на последниот меч против Спортинг Кристал кога заврши 1-1. Банфилд игра лошо на свој терен и во 10 меча има само три победи. Во тие 10 меча, имаат гол-разлика од осум дадени и осум примени гола.

Интересно е што двата тима се во криза кога се работи за постигнување голови, па најдобро е да се игра дека нема да има многу голови.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.98)

 

Мансфилд – Линколн (20:45 ч.)

Линколн е лидер во Лига 2 во Англија и речиси сигурно ќе напредува едно скалило на крајот од сезоната бидејќи во Лига 1 се промовираат најдобрите три екипи. За разлика од гостите, Мансфилд се бори за третото место на табелата.

Мансфилд игра одлично на свој терен и има дури 12 победи во 18 меча со одлична гол-разлика од 30 дадени и само 10 примени голови. Линколн е најдобар тим на гости и се очекува ова дерби од Лига 2 да биде динамично и со погодоци.

Предлог тип: 3+ (2.03)

 

- Оглас -

Најнови вести