Билетот за финалето на Лигата на шампионите е најбараната работа во моментов во светот на спортот, откако илјадници луѓе не успеаја да обезбедат од скапоценото парче хартија кое ги отвора вратите за влез на трибините на „Алијанц Арена“ во Минхен. Пари Сен Жермен и Интер ќе играат во борба за највредниот клупски трофеј во Европа, а логично, целите на билетите на „црниот пазар“ вртоглаво се зголемија.
Генерално, влезниците беа поделени во четири категории: 70 евра (категорија 4); 180 евра (3); 650 евра (3) и 950 евра (1). Ова се цените за билети купени преку официјалните канали на клубовите и самата УЕФА.
Надвор од овие канали, цените на билетите достигнаа навистина астрономски вредности. На овластените платформи за препродажба, цените почнуваа од 2.200 евра за билети од категорија 3. За втора категорија билетите достигнуваа и до 3.000 евра, а неверојатна сума од 3.900 до 4.900 евра се плаќа за прва категорија. ВИП пакетите почнуваа од 7.000 евра, но можеа да достигнат и до 15.000 евра.
Инаку, капацитетот на „Алијанц Арена“ за натпреварот во сабота навечер е близу 65 илјади гледачи (секогаш е намален за неколку илјади за натпреварите организирани од УЕФА, од безбедносни причини), при што навивачите на двата тима подеднакво делат 36 илјади билети. УЕФА дистрибуираше уште 2.700 билети до пошироката јавност преку својата официјална веб-страница. Останатите 25.000 билети се за спонзори и за самата УЕФА.