6723 Шпанија (Ж) – Англија (Ж) (19 ч.)
Директна борба за првото место во групата во Лигата на нациите А дивизија за жени. Шпанија ја има предноста на домашен терен, плус е на првото место со два бода повеќе од големиот ривал, што значи дека е доволно да одигра и нерешено.
Двете екипи играат офанзивен фудбал, гостинките сигурно нема да калкулираат и тука може да се очекуваат погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 3+ (2.08)
6738 Велс (Ж) – Италија (Ж) (19:30 ч.)
Велс е сигурно последен во групата во која Италија уште има некакви шанси да се бори за првото место. Токму затоа Аѕурите ќе тргнат без калкулации и на освојување на трите бода.
Велс ако е без победа, тоа е екипа која игра цврсто во одбраната и веќе им откина бодови на Данска и на Шведска.
Предлог тип: 2&0-3 (2.13)
6739 Исланд (Ж) – Франција (Ж) (20 ч.)
Фрнција на доминантен начин е прва во својата група со максимални 15 бода од пет дуела. Исланд е во опасност со пораз да заврши дури и на последното место во групата, но едноставно на овој меч многу повеќе работи зависат од Галските петли.
Првиот меч на овие две селекции заврши ефикасно со пет гола (Франција победи со 3:2), па и сега може да се очекува да има погодоци.
Предлог тип: ГГ3+ (2.00)
6755 Холандија (Ж) – Шкотска (Ж) (20:30 ч.)
Холандија во минатото коло загуби убедливо од Германија и на тој начин ги загуби шансите за првото место. Сепак, на свој терен Лалињата се големи фаворити за победа над Шкотска, која е без ниту еден бод и со разлика од минус 12 гола.
Предлог тип: 1-1&3+ (2.05)
4301 Унион Еспањола – Лимаче (21 ч.)
Дуел од 13-тото коло во првенството на Чиле меѓу две екипи кои ќе се борат да не испаднат. Еспањола има само две победи и дури девет порази, па е на претпоследното место само со шест бода.
Малку подобар е тимот на Лимаче, кој освои 11 бода во 12 меча, но тоа е најочајниот тим на гостински терен само со еден освоен бод. Одбраната не е добра страна на двата тима, па може да се очекуваат погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.82)