22.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Ниту Германците не се толку фини, го демолирале стадионот во Норвешка

Триумфот на Розенборг од 2:1 над Мајнц во плејофот за Конференциската лига беше засенет од однесувањето на гостинските навивачи кои уништија и ишкртаа делови од стадионот „Леркендал“ по натпреварот, вклучувајќи ги тоалетите и ходниците.

Извршниот директор на Розенборг, Торе Бердал, го осуди вандализмот и потврди дека германскиот клуб ќе се соочи со последици.

„Беше направена огромна штета во гостинскиот дел. Воопшто не е убаво тоа што го направија тие “, изјави Бердал за „Нетависен“.

Тој нагласи дека се во контакт со УЕФА и Мајнц и дека трошоците за санирање на штетата ќе ги сноси германскиот клуб.

„Вие сте одговорни за вашите сопствени навивачи кога одите во Европа и ние нема да ги сносиме трошоците за реновирање, но сето ова ќе ни создаде дополнителна работа“, додаде тој.

Инцидентите започнаа пред самиот натпревар кога беа исечени вентилите на гумите на автобусот на играчите на Мајнц.

- Оглас -

Најнови вести