12.8 C
Skopje
среда, 5 ноември 2025

Велс ќе биде последен меч за селекторот Благоја Милевски!?

Селекторот на македонската фудбалска селекција, Благоја Милевски, утре ќе го соопшти списокот на играчи кои се повикани за престојните два дуела во ноемврискиот репрезентативен прозорец. Македонија прво на 13 ноември во Скопје ќе игра пријателски меч против Летонија, а три дена потоа следува и последниот натпревар од квалификациите за пласман на Светското првенство 2026 година, и тоа на гости во Кардиф против Велс.

Под водство на Милевски, Македонија има одлични резултати и има голема шанса втори квалификации за СП да биде втора во групата што носи директен пласман во баражот. Сепак, дури Македонија и да не успее да биде втора во групата, ќе играме бараж за Мундијалот затоа што нашата репрезентација беше првопласирана во Лигата  на нациите, каде што од Сегментот Ц се избори за пласман во Сегментот Б, кој е втор по квалитет во Европа. Македонија првпат ќе игра во Сегментот Б затоа што откако е започнат ЛигаТа на нациите, ние сме играле во Сегментот Д и Сегментот Ц.

Јасно е дека нема неизвесност околу тоа дали Македонија ќе игра во баражот за СП 2026, но неизвесно е кој ќе биде селектор тогаш.

Актуелниот договор на Милевски истекува со завршување на квалификациските групи за СП, што значи дека според актуелната ситуација, Сер Боби по завршувањето на дуелот во Кардиф против Велс, му завршуваат и ингеренциите во националниот тим.

Нема дилема дека Милевски е најуспешниот селектор на македонската репрезентација. Тој е човекот кој ја создаде генерацијата на млади играчи кои во 2017 година се изборија за пласман на ЕП за играчи до 21 година. Откако доби шанса да биде предводник и на Националниот тим А, Милевски одлично ги доработи квалификациите за СП 2022, кога Македонија заврши на второто место, а потоа во баражот, во Палермо ја елиминира Италија со 1:0. Еден меч фалеше Македонија да игра на СП 2022, но Поругалија во Порто не дозволи изненадување и славеше со 2:0.

СО СЕР БОБИ УСПЕСИТЕ ПРОДОЛЖИЈА И ПО ЗАМИНУВАЊАТА НА ПАНДЕВ, АДЕМИ И РИСТОВСКИ

Од седнувањето на Милевски за селектор, Македонија остана без тројцата главни играчи и капитени. Горан Пандев замина во пензија, а Стефан Ристовски и Аријан Адеми решија да се повлечат од репрезентацијата.

И без овие тројца клучни играчи Милевски создаде компактен тим што одлично игра во квалификациите и уште го живее сонот за пласман на Мундијалот во САД, Канада и Мексико. Сепак, дилемата останува дали Милевски ќе го води националниот тим во баражот во март следната година.

КОСОВО НА ФОДА ЗА ИСТИОТ УСПЕХ МУ ДАДЕ ДОВЕРБА УШТЕ НА ДВЕ ГОДИНИ

Додека кај нас останува неизвесноста кој ќе биде селектор, Косово покажа како реагира на успеси на националниот состав. Тамошниот селектор Франко Фода на 17 октомври доби продолжување на договорот уште за две години, до крајот на 2027 година, со можност за автоматско продолжување ако се пласира селекцијата на ЕП 2028 година. Косово со Фода на чело има 17 меча, од кои 11 победи, две ремија и четири порази.

За разлика од Косово, Србија немаше успеси во квалификациите за СП 2026 и го избрка селекторот Драган Стојковиќ-Пикси.

Неизвесноста останува кај нас, во Македонија. Дали Милевски ќе добие понуда како што тоа го направија од Косовската федерација и ќе имаат доверба во човекот кој носи одлични резултати, посебно затоа што Македонија и не е фудбалска велесила со играчи од светска класа, но тие што ги имаме, покажаа дека може да им парираат и на најдобрите.

- Оглас -

Најнови вести