10.8 C
Skopje
четврток, 6 ноември 2025

Легендата на Рома е нов тренер на Џенова

Италијанскиот калчолигаш Џенова и официјално го назначи Даниеле де Роси за нов шеф на стручниот штаб.

Во соопштението Џенова им посака добредојде на познатиот играч од средниот ред и на неговиот тренерски штаб и им се заблагодари на Роберто Мургита и Доменико Кришито за нивната посветеност и на боите на клубот за време на трансфер-периодот.

Даниеле де Роси (40) е еден од најголемите италијански фудбалери на 21 век. За време на својата играчка кариера тој го носеше дресот на Рома, клубот каде што стана симбол и легенда, како и на аргентинскиот гигант Бока јуниорс. Беше дел од италијанската репрезентација која во 2006 година триумфира на Светското првенство.

За време на својата тренерска кариера тој го водеше СПАЛ, а потоа беше и тренер во Рома, додека беше дел од тренерскиот штаб на италијанската репрезентација како технички асистент.

Во првите 10 кола од италијанското првенство Џенова има само една победа, а со шест освоени бода е на 18-тото место на табелата, што значи дека ќе има голем предизвик да се спаси од испаѓање.

- Оглас -

Најнови вести