Манчестер сити триумфално помина на гостувањето кај Нотингем Форест и победи со 2:1 во меч од 18 коло во Премиер лигата. Со оваа победа, Сити стигна до 40 бодови и сега е на лидерската позиција во Премиер лигата, еден повеќе од Арсенал, кој го очекува дуел против Брајтон по кој Топчиите повторно може да се најдат на чело на табелата.
По првото полувреме немаше голови, но затоа вториот дел изобилуваше со возбудувања. Во 49 минута Сити поведе со 1:0 со голот на Рејндерс.
Само неколку минути по погодокот на Сити, Нотингем возврати. Хучинсон погоди за 1:1 во 54 минута.
Сепак, Сити стигна до трите бода благодарение на голот на Рајан Шерки во 83 минута.

