Јувентус и Лацио одиграа 2:2 во дербито на 24 коло во Серија А. Домаќините беа фаворити за победа пред мечот, но на крајот треба да се среќни што не се поразени, затоа што Лацио беше тимот кој водеше со 2:0.
Во првото полувреме еден гол на Јувентус беше поништен поради офсајд, а во последните моменти од првиот дел, Лацио изненади и со погодокот на Педро, поведе со 1:0. Погодокот на Педро може да го видите ТУКА.
Како што заврши, така и почна второто полувреме, со гол на Лацио. Данскиот репрезентативец Густан Исаксен одлично продре и со силен шут под пречката го матираше голманот на Јувентус за 2:0. Тој погодок може да го видите ТУКА.
Јувентус не се предаде и во 59 минута домаќините погодија за 1:2, а стрелец беше Вестон Меккени. Тој погодок може да го видите ТУКА.
До крајот на мечот, Јувентус со сите сили се обидуваше да стигне до реми и тоа му успеа во 90+6 минута кога Калулу погоди со глава.
По ова коло, Јувентус остана на четвртото место со 46 бодови, додека Лацио сега е на 33 бодови и е на осмата позиција во Серија А.

