На 24 часа пред затворањето на терминот за типување за 23-тото коло сезонава на најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, јасно е дека мнозинството прогнозери имаат свои фаворити за повеќето натпревари од понудата, но има и дуели каде што поделеноста е прилично голема.
Дуелот на Челзи и Њукасл е дерби на саботната програма, дуел на два тима кои ги чека реванш од осминафиналето во Лигата на шампионите, но токму кај овој меч прогнозерите се јасни, дури 78,6 отсто од нив типувале победа на Сините од Лондон.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари на подарок ќе добие iPhone 16. За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.
Како ќе се ближи крајот на сезоната, така ќе станува поинтересно и во генералниот пласман. Таму одамна води Благојчо, сега со пет поени пред Кирил, но тоа е разлика која може да се стигне и во едно коло. Победникот во генералниот пласман ќе добие подарок смарт телевизор самсунг 55“, а подароци ќе има и за тие што ќе се најдат од второ до петто место.


