Фудбалерите на Келн го пречекаa Ајнтрахт Франкфурт, но триумфот го однесе гостинската екипа славејќи со 3-4.
Келн поведе уште во четвратата минута. Одлична топка доби Аче, ја проследи до Камински кој постигна гол за 1-0. Домаќините го држеа водството повеќе од половина час, но потоа Ајнтрахт почна да игра одлично.
Во 39-тата минута, по корнерот на Шаиби, Теате се најде на вистинското место и со глава од тешка позиција го постигна израмнувачкиот гол за 1-1.
Во шестата минута од надополнувањето на првиот дел, следеше нов погодок за гостите – од одлична акција, топката стигна до Дауд кој погоди за 1-2.
Во 60-тата минута, резултатот беше зголемен на 1-3. Буркарт ја испрати топката на десната страна, ја продолжи акцијата и со асистенција од Доан, погодокот беше реализиран. Само три минути подоцна, истиот играч ја зголеми предноста на 1-4, откако импресивно го изигра противникот и ја смести топката во мрежата.
Домаќините не се предаваа и намалија на 2-4 преку Бултер, а во судиското продолжение Валдшмит го постави конечниот резултат, 3-4.

