2.8 C
Skopje
понеделник, 24 ноември 2025

Сент Етјен бара победа за влез во ЛШ

ОДЕНСЕ – ЕСБЈЕРГ (19 ч.)

Двете екипи се борат за излез во Европа, а гостите имаат два бода повеќе, што значи дека доволно е да останат непоразени. Двата тима имаат идентична гол-разлика (минус еден гол), а на овој меч може да очекуваме отворен фудбал бидејќи домаќините не може многу да калкулираат.

Сепак, Есбјерг во текот на целата сезона покажа дека може да погоди против кој било ривал и треба да биде интересно.

Предлог тип: ГГ прво/второ (2.35) – квота на денот во Sport Life

 

СТАНДАРД – ГЕНТ (20:30 ч.)

Стандард нареди четири порази во последните пет меча, но дуелот против Гент му е како порачан бидејќи гостите се во уште полоша форма. Само со едно реми во седум средби, Гент е испаднат од трката за излез во Европа, додека Стандард го брка третото место на Антверпен.

На последните четири меча на овие два тима секогаш било возбудливо и со голови, па средбите завршувале ГГ3+. Овојпат домаќините се тие на кои повеќе им треба победата и треба први да дадат гол.

Предлог тип: 1ПДГ (1.80) – квота на денот во Sport Life

 

СЕНТ ЕТЈЕН – МОНПЕЛЈЕ (20:45 ч.)

Голем е влогот на Сент Етјен на овој меч. Домаќините се во трка со Лион за место кое води во Лигата на шампионите, додека Монпелје нема шанси за излез во Европа, иако на табелата е веднаш зад денешниот ривал. Сент Етјен е многу опасен на свој терен и со 12 победи, две ремија и само три порази има биланс кој покажува дека само ПСЖ е подобар домаќин.

Монпелје на гости во 17 меча има само 5 порази и знае да биде опасен, но сепак сега домаќините имаат многу поголем мотив за играње.

Предлог тип: 1Х&2-3 (2.65) – квота на денот во Sport Life

 

ХАЈДУК – СЛАВЕН БЕЛУПО (19 ч.)

Хајдук не смее да си дозволи да не излезе во Европа, па затоа трите бода се повеќе од неопходни за домаќините. Славен Белупо е мирен во средината на табелата, но интересно е дека тоа е екипата која има дури 10 нерешени средби во 16 гостувања.

Нерешените дуели доминираат и кога се гледаат меѓусебните средби, па четири пати во последните шест немало победник, а по еднаш се радувале двете екипи.

Предлог тип: 1-3 I& 1-3II (1.73)

 

ПРОЛЕТЕР – ЦРВЕНА ЅВЕЗДА (18 ч.)

Нема дилема околу победникот, но колку погодоци ќе успеат да постигнат гостите. За Пролетер како да заврши првенството, па ги загуби последните четири меча, а на три не успеа ни гол да даде. Српскиот првак цела сезона доминираше и со 93 погодоци има еден од најдобрите напади во европските првенства. Сигурно „црвено-белите“ ќе се обидат да завршат во ист стил, па се очекуваат погодоци.

Предлог тип: 2&3+(1.74)

 

- Оглас -

Најнови вести