Баерн не греши двапати по ред

Амиен – Гингамп (Петок, 21 часот)

Со победа Амиен ќе обезбеди опстанок. Гостинот веќе е второлигаш и не верувам дека ќе има некаков голем мотив на овој натпревар.

Амиен има и добар биланс во дуелите со фенерџијата во француското првенство, нема пораз од Гингамп на последните пет натпревари, а очекувам сезоната да ја завршат со триумф што им носи нов настап во прволигашка конкуренција.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

Баерн Минхен – Лајпциг (Сабота, 20 часот)

Финале на куп секогаш носи неизвесност, но верувам во тимот на Баерн Минхен и мислам дека ќе дојде до двојна круна. Лајпциг е одлична екипа, но Баерн е Баерн и верувам во нивна победа со најмалку три гола на натпреварот.

Ова е и за двете екипи многу значаен меч. Лајпциг за првпат во клупската историја ќе игра финале за пехарот во купот, а Баерн ќе сака да го исправи ланскиот кикс, кога на истото место, на „Олимпискиот стадион“ во Берлин беше изненаден од Ајнтрахт и го загуби финалето со 1:3.

Баварците се најтрофејната екипа во Германија и во купот се убедливо први со 18 пехари, па очекувам во богатата колекција да го сместат и новиот трофеј, утре со триумф против Лајпциг.

Предлог тип: 1&3+ (2.18)

 

Болоња – Наполи (Сабота, 20.30 часот)

Синиша Михајловиќ направи голема работа со Болоња и успеа да ги спаси од испаѓање. Со серија добри игри и резултати во финишот на сезоната 7-кратниот првак на Италија си обезбеди опстанок.

Во добра форма е и Наполи, а и двете екипи ќе бидат растеретени, ќе играат без никаков императив и верувам дека мечот од последното коло во Серија А ќе биде ефикасен со најмалку три гола во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ3+ (1.67)

 

Аталанта – Сасуоло (Недела, 20.30 часот)

Аталанта е можеби најпријатното изненадување оваа година во Калчото и стаса до позиција сама да си одлучува за историски настап во Лигата на шампионите.

Со победа против Сасуоло ќе обезбедат учество во луксузното натпреварување, нешто што според игрите и го заслужија.

Ваква шанса не се пропушта и верувам во единица со најмалку три гола и запечатување на одличната сезона за домаќинот.

Предлог тип: 1&3+ (1.53)

 

Спал – Милан (Недела, 20.30 часот)

Милан мора да победи и да чека евентуален кикс на Интер и Аталанта. Спал е сигурен во опстанокот и не верувам дека ќе пружи поголем отпор иако е домаќин.

Овде може да има и интересен дуел на двајца одлични стрелци сезонава. Пјонтек од Милан со 22 гола и Петања од Спал со 16 прецизни удари се во топ-10 на листата на најдобри голгетери во Калчото.

Спал сезонава приреди неколку изненадувања и ги победи фаворитите Јувентус, Аталанта, Рома, Лацио.., но на Милан му требаат бодовите и очекувам да стаса до триумф.

Предлог тип: 2 (1.55)

 

- Оглас -

Најнови вести