Триесетката не е проблем за Ленард и Кари

Кавај Ленард (Торонто репторс – Голден стејт вориорс, НБА, 03.00 часот)

Кавај Ленард е клучот на успехот на Торонто репторс, а олстар-кошаркарот во плејофот игра импресивно и успеа да ги донесе Репторс до историско НБА-финале.

Кавај знае и како се победува во финале. Со Сан Антонио спарс беше првак во НБА во 2014 година. Како што се игра, се чини и нема кошаркар во НБА што може да му се спротивстави индивидуално, во игра еден на еден. Ленард е исклучително квалитетен и искусен кошаркар и ги користи сите слабости на ривалите, а ќе биде интересен неговиот дуел со Клеј Томпсон.

Торонто ги доби двата дуели со Голден стејт вориорс во регуларниот дел од сезоната, на првиот Кавај постигна 37 поени, додека на вториот не играше. Ќе типуваме дека Ленард ќе продолжи да игра ефикасно, како што го прави тоа од почетокот на овој плејоф.

Предлог тип: Ленард >30.5 поени (1.87)

 

Стефан Кари (Торонто репторс – Голден стејт вориорс, НБА, 03.00 часот)

Ќе биде интересно да се следи финалето во НБА, а особено важен ќе биде првиот меч, што ќе се игра ноќеска.

Шампионот Голден стејт повторно ќе игра без Кевин Дурант, па пак на голем испит ќе биде, пред сè, Стефон Кари. Неверојатниот бек на Вориорс веднаш одговори на предизвикот. Уште во полуфиналето против Хјустон со прекрасна игра го предводеше тимот до клучната победа за елиминација на Ракетите, и тоа без Дурант во тимот, а потоа блескаше и во финалната серија на Западот против Портланд.

Во четирите дуели со Блејзерс, Стеф дури трипати постигнуваше по 36 поени, а еднаш уфрли и 37, со што покажа дека е подготвен и за финале. Интересен податок е што Кари има живеено две години како дете во Торонто, а сега за противници во битка за трофејот ќе ги има кошаркарите на Репторс и секако нивната публика.

Против Торонто играше само на едниот од двата меча сезона и постигна скромни 10 поени, но сега е во топ форма и типуваме на плус.

Предлог тип: Кари>31.5 поени (1.87)

 

Клеј Томпсон (Торонто репторс – Голден стејт вориорс, НБА, 03.00 часот)

Томпсон е еден од најдобрите шутери во НБА-лигата. Човек што може да погодува во серија и на него секогаш мора да се внимава. Ако влезе во ритам, ќе гледаме шоу, а против Торонто сезонава постигна вкупно 37 поени на двата меча. Против Портланд  во финалето на Западот играше одлично, но сега ќе му биде потешко. Ќе треба да го чува Кавај Ленард и неговите дуели со еден од најдобрите кошаркари на денешницата може да ја донесат и одлуката кој ќе го освои пехарот во НБА-лигата.

Границата за поени што е поставена во специјалниот додаток за НБА-лигата во Sport Life е во рамките на просекот на Томпсон, но за првиот меч ќе типуваме дека нема да стигне до 23 или повеќе поени.

Предлог тип: Томпсон<22.5 поени (1.85)

 

Серж Ибака (Торонто репторс – Голден стејт вориорс, НБА, 03.00 часот)

Ибака знае да игра против Голден стејт, а бројките му се високи на дуелите што ги играше против шампионот сезонава. Постигна по 20 поени во двете победи на Торонто, а и сега од него се очекуваат добри настапи во обидот Репторс да стигнат до првата титула во НБА.

Ибака може да игра и како крило, но и како центар, а шпанскиот репрезентативец може да постигне 10 или повеќе поени на првиот меч против Вориорс.

Актуелниот првак пак ќе игра без Дурант и Казнс, со што ќе им биде полесно на високите кошаркари на домашниот тим.

Предлог тип: Ибака>9.5 поени (1.90) 

 

Фред Ван Флит (Торонто репторс – Голден стејт вориорс, НБА, 03.00 часот)

Резервниот бек на Репторс беше изненадувањето на Ник Нурс за Милвоки во петтиот меч, во кој Торонто направи брејк и потоа го потврди на домашен терен за финале, прво во историјата на клубот.

Ван Флит почна скромно во плејофот, но како што одминува времето, игра сè подобро.

Ноќеска од него се очекува повторно да донесе свежина и ефикасност од клупата, како замена за стартниот бек Кајл Лаури.

Човекот што влезе во НБА-лигата како недрафтуван кошаркар и ја преживеа метлата во тимот во 2017 година сега може да биде многу солидно оружје од клупата на Репторс во големото НБА-финале.

Ван Флит е добар шутер и кога му оди, лесно може набрзина да наниже поени, па ќе типуваме дека и ноќеска ќе ја мине границата од 8.5 поени.

Предлог тип: Ван Флит >8.5 поени (1.87) 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести