81-во Дерби на Македонија: Вардар е фаворит, но гостинот се нема радувано седум години во меѓусебните дуели (Фото)

25-тото коло на Првата Македонска фудбалска лига ќе биде отворено попладнево со мечот кој важи за Дерби на Македонија. Во Битола се среќаваат Пелистер и Вардар, во 81-вата меѓусебна пресметка. Квотите велат дека „црвено-црните“ се фаворити, но традицијата кажува нешто друго. Последната победа на гостинската екипа во меѓусебните дуели на овие две екипи е пред седум години, кога Пелистер го совлада Вардар со 2-3 во Скопје, додека последната победа на најтрофејната македонска фудбалска екипа во Битола е во 2017 година.

Вардар е далеку поуспешен во меѓусебните натпревари со 43 победи, наспроти 17 на Пелистер, додека 20 меча завршиле без победник. И гол-разликата е на страната на „црвено-црните“. Вардар има дадено 121 гол, додека Пелистер 80.

Квотата за победа на Вардар во Sport Life е 2.18, додека победата на Пелистер има квота од 3.25. Нерешениот исход во Битола има квота од 2.80.

Раководството на Пелистер уште од претходно ги повика навивачите масовно да купуваат билети и да дојдат на стадион, а сите собрани средства од продажбата на билетите ќе бидат донирани за семејствата на настраданите и повредените во големата трагедија која се случи во Кочани.

- Оглас -

Најнови вести