Бразил ќе крши тврд орев за полуфинале на Копа Америка

Бразил – Парагвај (Копа Америка, 02.30 часот)

Кариоките се домаќини и апсолутни фаворити против Парагвај во првиот четвртфинален меч на Копа Америка. Ла Албироха имаа многу среќа и се протнаа во завршницата на начин што се случува веројатно и еднаш во 100 години. Еквадор и Јапонија со реми 1:1 самите се елиминираа и го промовираа Парагвај во четвртфиналист, иако се чинеше дека тоа е невозможен исход.

Парагвајците играат солидно против Бразил во последно време и во оваа декада загубија само еднаш на пет меѓусебни дуели. Сега се и во ситуација да немаат што да загубат, а во таков мод се најопасни.

Тоа го покажаа и на Копа Америка во 2011. Тогаш во групната фаза одиграа три нерешени дуели, со Еквадор, Бразил и Венецуела, но и тие три бода беа доволни за место во четвртфиналето. Во нокаут фазата Парагвајците повторно играа со Бразил, и после 0-0 по 120 минути, славеа на пенали со 2-0. Потоа во полуфинаето на пенали ја елиминираа и Венецуела и приредија уникатен подвиг со пласман во финале без победа во регуларен дел. Сепак Уругвај ги сопре и со триумф од 3:0 ги остави на вицешампионската позиција.

Бразил и по четвртипат ќе менува стадион, ноќеска ќе игра во Порто Алегре и ја очекува третата победа на турнирот на кој кариоките се фаворити за деветтата титула на Копа Америка.

Предлог тип: Х-1 (3.75)

 

Мајами марлинс – Вашингтон нешнлс (МЛБ лига, 01.10 часот)

Тимот од Мајами е на последното место во Националната лига, а обидот да побегне од дното и серијата од три победи сега е прекината со два порази по ред.

На гости им пристигна тимот против кого немаат многу успеси во последно време. Вашингтон има 6 победи во последните 7 меча со Марлинс и пак е фаворит за триумф.

Особено добро против Мајами игра Стивен Стразбур, еден од големите адути за победа на клубот од главниот град на САД.

Стразбур има 18 победи против Марлинс, најмногу за него против било кој состав во МЛБ, а му фалат уште 9 успеси за да го урне рекордот на Феликс Ернандес, рекордер во Лигата со 26 победи во дресот на Сиетл против Окленд атлетикс.

Марлинс се тркаат со времето, за да го вклучат во тимот четвртио пик на драфтот Џеј-џеј Блидеј, но според последните информации тој нема да настапи против Вашингтон.

Предлог тип: 2 (1.48)

 

Колорадо рукис – Лос Анџелес доџерс (МЛБ лига, 02.40 часот)

Неверојатна серија од 11 победи по ред имаат легендарните Доџерс против тимот од Колорадо, а и традицијата вкупно во меѓусебните дуели е на страната на тимот од Лос Анџелес.

Доџерс се лидери во Националната лига и имаат добра шанса по 24. пат во историјата и да ја освојат. Имаат шест титули во МЛБ лигата и повторно се големи фаворити за победа против омилениот ривал Колорадо.

Домаќините ќе се обидат да изненадат и во првата постава ќе го вклучат дебитантот Питер Ламберт, кој игра солидно, а веќе еднаш настапи против ривалот од Ел-еј.

Доџерс ја добија серијата од три меча против Колорадо на 22. и на 23. јуни со 4:2, 5:4 и 6:3, но доаѓа на „Корс филд“ во Денвер со пораз од Аризона од 2:8.

Предлог тип: 2 (1.65) Супер тип на Sportlife

 

Сан Франциско џајантс – Аризона дајмондбекс (МЛБ лига, 03.45 часот)

Клубот со најмногу победи во историјата на МЛБ лигата ќе му биде домаќин на гостинот од Аризона и е благ фаворит за победа.

Џајантс како што и прекарот врли се еден од гигантите во амриканскиот бејзбол и со 8 титули се петорангираната екипа на вечната листа. Имаат 23 пехари од Националната лига и 20 финалиња во МЛБ, што се рекордни достигнувања.

Сезонава не играат на ниво на огромното реноме што го имаат и моментно се претпоследни во Националната лига, само пред фенерџијата Мајами марлинс.

Аризона е на 50 посто учинок со по 41 победа и пораз, но не игра добро против Џајантс. Пред неколку дена во мини-серијата од три меча загубија двапати од Сан Франциско како домаќини и забележаа една победа.

Предлог тип: 1 (1.90)

 

Лос Анџелес енџелс – Оукленд атлетикс (МЛБ лига, 04.07 часот)

Двете екипи се во средината на табелата во Американската лига и имаат позитивен биланс, но и потенцијал да напредуваат.

Ова ќе биде интересен дуел на состави што се во победнички тренд. Ангелите имаат три победи по ред, а Оукленд доаѓа во филмскиот град со мини-серија од два триумфи.

На почетокот на месецов веќе играа три меча на „Енџел“ стадионот во Анахејм и Оукленд беше посупешен со две победи и еден пораз.

И сега двете екипи се многу изедначени, исходот е неизвесен, па ќе се обидеме да типуваме на поени.

Предлог тип: >8.5 поени (1.92)

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести