Хакен – Хамерби (19 ч.)
Дуел на екипи кои едноставно сакаат да играат напаѓачки и не внимаваат многу на одбраната, па затоа во досегашните 12 меча домаќините имаат 17 дадени и 10 примени голови, а гостите се со гол-разлика 20-16. Дури и кога ќе се види статистиката на меѓусебни дуели, наведува дека ќе има погодоци.
Хакен дома има 4 победи во шест средби, а Хамерби во шест гостувања само еднаш се радувал. Токму затоа предноста е за домаќинот.
Предлог тип: 1Х&ГГ (2.25) – Квота на денот во Sport Life
Слајго роверс – УЦ Даблин (20:45 ч.)
Ретко на кој меч Слајго роверс ќе ја има фаворитската улога како против денешниот ривал. УЦ Даблин нареди 11 порази во низа, од кои 10 во првенството и еден во Купот. И традицијата покажува дека Слајго победува на осум од последните девет средби со овој противник, и тоа во меч на кој најчесто има повеќе погодоци.
Даблин сезонава на гости е со перфектен скор на порази. Девет гостувања, девет порази и гол-разлика 2-20.
Предлог тип: 1&2-4 (2.30) – Квота на денот во Sport Life
Кенија – Сенегал (21 ч.)
Ова е меч кој директно одлучува за второто место во групата, кое носи сигурен пласман во следната фаза. Сенегал има многу поквалитетни играчи и е голем фаворит. На Сенегалците доволно ќе им биде и еден бод за да останат на второто место, но сигурно нема да сакаат многу да ризикуваат и да бидат во неизвесност до последната минута.
Иако на средбите од Афкон најчесто нема многу погодоци, ова може да биде еден од оние ретки натпревари на кои ќе видиме барем два гола.
Предлог тип: 2&2-3 (2.60)
Јужна Африка – Мароко (18 ч.)
Ако на некој меч може да се очекува калкулации, тоа е овој. Мароко е сигурен во нокаут-фазата, додека Јужна Африка никако не смее да си дозволи пораз. Бодот може да им заврши голема работа на двете селекции. Мароко ќе остане лидер, а ЈАР речиси сигурно ќе помине понатаму, па дури и да остане на третата позиција.
Освен што калкулациите покажуваат „икс“, дури и ако се погледнат меѓусебните дуели, ремито е многу реална варијанта. На последните три средби резултатите биле 1:1, 2:2, 1:1.
Колку за потсетување, пред 10-тина дена на Европското првенство за младинци, Франција и Романија одиграа 0:0, во меч на којшто на двете селекции им одговараше реми.
Предлог тип: Х (2.65)
Црвена ѕвезда – Линц (18 ч.)
Како дел од подготовките за новата сезона, Црвена ѕвезда ќе игра контролен меч против Линц. Без разлика со кој состав ќе излезе српскиот првак, „црвено-белите“ се големи фаворити и се очекува лесна победа.
Ѕвезда се надева дека сезонава ќе може да го повтори ланскиот успех кога се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите. За да успее во такво нешто, ќе мора да ја темпира формата да биде на високо ниво во летниот период, односно во квалификациите за елитното натпреварување на УЕФА.
Предлог тип: 5+ (2.18)