Без пари не се игра фудбал, Атлетико МГ ја користи кризата кај Крузеиро

Атлетико Минеиро – Крузеиро (Куп Бразил, 00:15 часот)

Првиот меч од четврт-финалето го доби Крузеиро, и тоа убедливо со 3:0 и се наоѓа на чекор до пласман во полуфиналето. Голем проблем за една од најпознатите екипи во Бразил е големата финансиска криза.

Пред неколку дена и полицијата го посети домот на Крузеиро и беа конфискувани компјутери и документи, а покрената е голема истрага против дел од раководните лица. Играчите немаат добиено плата, но и покрај сè, останаа сплотени во обидот да се надминат тешките моменти за Крузеиро.

Атлетико нема пораз на домашен терен на последните пет меча во сите конкуренции, ќе се обиде да го искористи моментот и да приреди подвиг.

Предлог тип: 1&Т1 (2.55)

 

Бахија – Гремио (Куп на Бразил, 00:15 часот)

Двете екипи се во сосема различен тренд, но сега сите калкулации и биланси паѓаат во вода пред големата шанса да се биде полуфиналист во бразилскиот куп.

Гремио нанижа три победи по ред во шампионатот и се проби до средината на табелата, за една позиција пред Бахија. Бахија има три меча во низа без триумф во првенството, но ќе ги покрие сите слабости ако сега го победи Гремио, по нерешениот резултат 1:1 на првиот меч, и ќе се пласира во полуфиналето.

Двете екипи играат цврсто, на последните 9 нивни меѓусебни дуели, дури 8 пати играа од 0-2 гола, па веројатно во тие рамки ќе биде и реваншот од четврт-финалето на бразилскиот куп.

Предлог тип: Х2&0-2 гола (1.85)

 

Фламенго – Атлетико Паранаенсе (Куп Бразил, 02:30 часот)

На легендарната „Маракана“ ќе се игра реванш дербито од четврт-финалето на бразилскиот куп, а предност сега има Фламенго, по добриот резултат и ремито 1:1 на првиот меч.

Фламенго игра одлично и во домашниот шампионат, се наоѓа на третото место и ќе бие бтика за врвот на табелата до крајот.

Пред три дена Најсаканите во Бразил, како што им е еден од прекарите, го декласираа Гојас со 6:1 и потврдија дека се во топ форма.

Жорж Жесус склопи одличен состав, а амбициите се да се нападне пехарот и во Купот и во бразилското првенство. И Атлетико Паранаенсе не е за потценување, но во моментов Фламенго има и подобар тим и е во подобра форма.

Предлог тип: 1 (1.45)

 

Интернасионал – Палмеирас (Куп на Бразил, 02:30 часот)

Палмеирас е единствената непоразена екипа во Бразил од стартот на шампионатот, а сега ќе треба да потврди дека е главен фаворит за двете титули во земјата што е најтрофејна во историјата на фудбалот.

Првиот меч го добија со 1:0 против големиот ривал Интернасионал, па се очекува неизвесен реванш ноќеска во Порто Алегре.

Двете екипи примаат малку голови, а последните 4 меѓусебни дуели им беа прескромни со погодоци и завршија во рамките на 0-1 гол.

Интересно е што Интернасионал свесно го загуби дуелот со Атлетико Паранаенсе пред три дена играјќи со резервен тим, а главните ѕвезди Де Алесандро, Гереиро, Бруно… останаа во Порто Алегре да се подготвуваат за реваншот со Палмеирас.

Луис Сколари одлично ги предводи популарните „Вердао“ и ноќеска Палмеирас е фаворит, но ќе има тешка задача против солидниот состав на Интернасионал.

Предлог тип: Х2&0-3 гола (1.81)

 

Арсенал – Баерн Минхен (Интернационален куп на шампиони, 05 часот)

Топчиите и шампионот на Германија ја почнуваат авантурата во таканаречениот Интернационален куп на шампионите што се игра во САД.

Учествуваат 12 екипи, а 11 од нив се од Европа, плус мексиканскиот состав Гвадалахара. Баерн има три победи на последните пет меѓусебни дуели со Арсенал и сите се со ист резултат, убедливи со по 5:1.

Тоа ветува нов спектакл во Карсон, со многу голови, а ние ќе типуваме дека ќе се тресат двете мрежи најмалку со 4 голови на мечот.

Предлог тип: ГГ&4+ (2.40)

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести