Тотенхем – Манчестер јунајтед (13:30 ч.)
Двата тима почнаа со победи на Интернационалниот куп на шампионите. Тотенхем во драматичен меч го победи Јувентус, а Манчестер беше доминантен против Интер. Иако сега се работи за пријателски меч, желбата за победа секогаш е присутна, а тоа го покажува и фактот дека во последните 10 меѓусебни средби немало нерешено.
И сега се очекува да биде натпревар со голови на два тима кои многу добро се познаваат и нема што да кријат. Двата тренери во второто полувреме сигурно ќе направат повеќе измени, но и покрај тоа, не се очекува да падне темпото на игра.
Предлог тип: 1-2 I& 1-2 II (2.50)
АЗ Алкмар – Хакен (20:30 ч.)
Нема дилеми дека холандските клубови секогаш ја имале фаворитската улога против екипи од Шведска. Плус, АЗ Алкмар игра на свој терен и тоа треба да биде доволно за да се стекне со сигурна предност пред реваншот на гости во квалификациите од Лигата на Европа.
Хакен единствено е во предност затоа што е во натпреварувачки ритам и веќе има одиграно 16 меча од првенството, во кое се бори и за првото место. АЗ формата летово ја темпираше преку шест контролни дуели, во коишто имаше по три победи и три порази.
Предлог тип: 1X&ГГ (2.25) – квота на денот во Sport Life
Алашкерт – ФЦСБ (19 ч.)
Алашкерт го помина првото коло од квалификациите откако убедливо со 6:1 по двата меча ја елиминираше Македонија Ѓорче Петров. Иако овој резултат е убедлив, тоа не е вистинската сила за ерменскиот тим во европски рамки. Дуелот против романскиот ФЦСБ ќе биде вистински тест за домаќините.
Се очекува гостите уште во првите 90 минути да покажат сила и да не му дозволат на Алашкерт ниту да се понадева дека може да стигне до следното коло.
Предлог тип: 2-2 (2.40)
Хаугесунд – Штурм (19 ч.)
Норвешкиот тим беше убедлив во претходното коло од квалификаците во ЛЕ и со вкупни 6:1 го елиминираше Клифтонвил. Сепак, сега доаѓа многу посериозен ривал. Штурм е клуб со многу поголема традиција во Европа, а и поквалитетни играчи.
За Австријците сега започнува сезоната, додека Норвежаните веќе имаат одиграно 15 меча во кои кога игра Хаугесунд, на мечот има просек по три гола. И сега се очекува отворена игра, а секако фаворитската улога е за гостите.
Предлог тип: ГГ3+ (2.30) – квота на денот во Sport Life
Конах Квеј – Партизан (19:30 ч.)
Ова е дуел на кој не треба да има дилеми, но Партизан на теренот треба да покаже дека е поим за ривалот од Велс. Конах веќе направи едно изненадување откако го елиминираше Килмарнок, и тоа откако првиот меч на свој терен го загуби со 1:2, во реваншот беше подобар со 2:0. Тоа е и најголемото изненадување од претходното коло во квалификациите.
Сепак, тешко дека може да се очекува нов подвиг на домаќините, кои, сепак, сигурно ќе сакаат да покажат дека не случајно се во Европа, па се очекуваат и голови.
Предлог тип: 2-2 & 2-5 (2.45) – квота на денот во Sport Life