Јаховиќ е спас за Малатија, гол ќе даде и Партизан

Јени Малатија – Партизан (Лига на Европа, квалификации, 19 часот)

Партизан одигра многу квалитетно против незгодниот турски тим во Белград и има солидна предност од два гола. И Малатија има шанса за подвиг, најмногу поради постигнатиот гол на гости. Сепак, турскиот тим разочара и ако „црено-белите“ искористеа барем половина од шансите, резултатот во корист на српскиот клуб ќе беше многу повисок.

Главен адут на домаќините денеска ќе биде Адис Јаховиќ, поранешниот македонски репрезентативец. Со победничкиот гол во Љубљана против Олимпија беше најзаслужен за пласманот во следната фаза на Малатија. Клубот за првпат игра во еврокуповите, а многу работи вечерва во реваншот ќе зависат токму од Јаховиќ.

И Партизан има одлични напаѓачи, Садик и Сума беа стрелци на првиот меч, па може да се очекува да има гол(ови) на двете страни

Предлог тип: ГГ (1.68)

 

Шахтјор Солигорск – Торино (Лига на Европа, квалификации, 19 часот)

Торино веќе е финалист во квалификациите за Лигата на Европа бидејќи го доби првиот меч со 5:0 и потврди дека разликата во квалитет е огромна во споредба со белорускиот Шахтјор.

Калчолигашот апсолутно доминираше на првиот меч. Домаќините упатија дури 23 удари кон гостинскиот гол, а имаа и посед на топка од 62 посто. Белоти веројатно ќе одмара и нема да игра на стадионот на Динамо во Минск, каде што Шахтјор ќе биде домаќин.

Торино има уште неколку повредени играчи, но реваншот го почнува со предност од 5:0 и лесно треба да го прегрми последниот ривал пред настапот во плејофот за учество во Лигата на Европа.

И Шахтјор ќе игра без неколку важни играчи, пред сè Бордачев, Громико и Волдко, чие отсуство се почувствува на првиот меч.

Предлог тип: Т2 1+I& Т2 2+ (2.00)

 

Трабзонспор – Спарта Прага (Лига на Европа, квалификации, 19.30 часот)

Турскиот клуб беше во мошне незавидна позиција на првиот меч, имаше негатива од 0:2 до 84-тата минута, а реваншот ќе го почне со одлични 2:2. Постигнаа два гола во финишот на дуелот во Прага и сега имаат можност на домашен терен да ја решат судбината на патникот во последната квалификациска фаза пред настап во Лигата на Европа.

Во Прага се играше без публика, а денеска се очекува Трабзонспор да има голема поддршка на стадионот „Шенол Ѓунеш“ со капацитет од околу 40 илјади гледачи.

Се работи за два состави што се мошне квалитетни и тешко е да се прогнозира конечниот исход, па ќе типуваме на голови.

Предлог тип: 1-2I&1-2II (2.75)

 

Ајнтрахт Франкфурт – Вадуз (Лига на Европа, квалификации, 20.30 часот)

Популарните „орли“ се машина за голови и на почетокот на новата сезона играат за гол повеќе и повторно се атрактивни за гледање. Го растурија Вадуз во првиот меч со 5:0, потоа и на Манхајм во Купот на Германија му дадоа пет гола, а пред овие два меча, ја наполнија и мрежата на нисколигашот Велс со победа од 7:1.
Тренерот Хутер нема ништо да менува, повторно ќе се игра офанзивно бидејќи во последно време Ајнтрахт и не знае поинаку, па и вечерва на „Комерцбанк арената“ може да се очекува меч со многу голови.
Вадуз нема шанси по поразот од 0:5 на домашен терен, а гостите стравуваат од расположените стрелци на Ајнтрахт предводени од Ребиќ, Костиќ, Пасиенсија.
Ајнтрахт е фаворит, а покрај победата,, ќе типуваме дека ќе има и доста голови на реванш-мечот што е формалност и го носи германскиот тим во финале и настап во плејофот за учество во Лигата на Европа.
Предлог тип: 1&4+ (1.47)

 

Еспањол – Луцерн (Лига на Европа, квалификации, 21 часот)

На последните три меча што ги одигра шпанскиот прволигаш секогаш имаше гол до 29-тата минута, игра што ја има во билтенот на обложувалниците на Sport Life.
И на реваншот против Луцерн, што според резултатот од првиот меч, ќе биде само формалност, се очекува да има доста погодоци и прв гол во раната фаза од мечот.
Аргентинецот Факундо Фереира одлично се снаоѓа на почетокот на новата сезона, во која ќе има тешка задача да го замени Борха Иглесијас, најдобриот стрелец на Еспањол.
Иглесијас играше на првиот меч што Еспањол го доби со 3:0 на гостински терен, но во меѓувреме потпиша за Бетис и нема да настапи вечерва на реваншот во Барселона.
Еспањол е многу подобар тим од Луцерн, има серија од три меча со голови во првите половина час, па ќе тупуваме комбинирано, победа на домаќинот и гол до 29-тата минута.

Предлог тип: 1&0-29 минута (2.30)

 

 

- Оглас -

Најнови вести