Серена Вилијамс – Марија Шарапова (Отворено првенство на САД, 01 часот)
Американците веќе ја подгреваат атмосферата пред големото дерби од првото коло во женска конкуренција на гренд слемот во Њујорк.
Во историјата на тенисот немало поголем меч на старт на гренд слем меѓу две тенисерки со таков квалитет, бекраунд, колекција на трофеи, успеси. Заедно двете имаат 28 гренд слем пехари, и тоа само во поединечна конкуренција. Го прогласија за меч на шампионките, кои сега за првпат ќе играат меѓу себе во прво коло.
И ова ќе им биде прв меѓусебен дуел по 15-месечната суспензија на Шарапова поради допинг. Требаше да играат лани на Ролан Гарос, но тогаш во осминафиналето поради повреда Серена го предаде мечот.
Американката, не сметајќи го тој дуел што не се одигра, има 14 победи по ред против Шарапова и 15 на 17 дуели, но веројатно најважниот триумф во меѓусебните дуели го има Русинката.
Во 2004 година, тогаш тинејџерката со 17 лета, Марија Шарапова приреди една од најголемите сензации во историјата на тенисот со победа во финалето на Вимблдон против тогаш шесткратната гренд слем шампионка. И тоа каква, маестрална, како гром од ведро небо со 6:1, 6:4 ја декласира тенисерката што беше во топ-форма.
Сега и двете се во залез на кариерата, Серена на 37-годишна возраст, Марија пет лета помлада и повторно ќе играат меч за паметење, овојпат во прво коло на гренд слем.
Серена е фаворит, но Шарапова ќе сака да ја заврши сезоната со успех откако ја мачеа повреди во 2019 година и не освои ниту еден трофеј.
Предлог тип: >20.5 гема (1.88)
Станислас Вавринка – Јаник Синер (Отворено првенство на САД, 01 часот)
Вавринка е единствениот тенисер што успеваше на периоди да ја прекине доминацијата на големата четворка Федерер-Ѓоковиќ-Надал-Мареј на гренд слем турнирите и освои три пехари во најтешката тениска ера со великаните на светскиот тенис.
Популарниот Стен има и триумф на Отвореното првенство на САД од 2016 година, кога го победи Ѓоковиќ во финалето. Повторно ќе биде опасен противник, иако не е во препознатливата форма кога ги победуваше и најголемите ривали од големата четворка.
Синер е новата надеж на италијанскиот тенис. Има само 18 години, се работи за корпулентен тенисер, висок 188 сантиметри и тој е првиот играч што е роден во новиот милениум што играл Челенџер финале годинава. Успешно мина три квалификациски рунди за да стигне до главната сцена во Њујорк и може да му зададе многу проблеми на Вавринка.
Ова им е прв меѓусебен меч и ќе типуваме дека ќе заврши со плус гемови.
Предлог тип: >35.5 гема (1.85)
Роџер Федерер – Сумит Нагал (Отворено првенство на САД, 02.30 часот)
Федерер има пет триумфи на Отвореното првенство на САД, но последниот му е пред повеќе од една деценија, односно во 2008 година, како финиш на една блескава серија од пет титули по ред во Њујорк.
Швајцарецот е секаде добредојден и трибините на „Артур Еш“ ќе бидат одлично пополнети ноќеска за дуелот со Индиецот. Федерер и на 38 години игра одличен тенис, а сега е асполутен фаворит против 22-годишното момче, рангирано како 190-ти тенисер на планетата.
За Роџер ова е еден од последните обиди, веројатно и последен да се обиде да ја освои 21-та гренд слем титула, шеста на „Флешинг Медоуз“.
Нагал има една, и тоа како јуниор во игра на двојки на Вимблдон пред четири години, а сега ќе мора на стартот на последниот гренд слем турнир да го игра мечот на досегашниот тек на кариерата против големиот Федерер.
Индиецот успешно ги мина квалификациите, ги победи пореномираните од него Ито и Полански, потоа и Мензес, но нема шанси против Роџер и ќе типуваме експресна победа на Швајцарецот.
Предлог тип: <26.5 гема (1.85)
Мисаки Дои – Медисон Киз (Отворено првенство на САД, 03 часот)
Мисаки Дои немаше среќа со ждрепката и налета на тенисерка која е во голема форма. Медисон Киз доаѓа на Отворено првенство на САД со титулата од престижниот турнир од Мастерс серијата во Синсинати и е една од фаворитките за пехарот и во Њујорк.
Киз играше финале на Отвореното првенство на САД пред две години, но тогаш беше декласирана од сонародничката Слоун Стивенс. Сега го има моментот, се наоѓа во топ-форма, по променливите игри во првиот дел од сезоната и има шанса, и тоа убава, да стигне далеку на „Флешинг Медоуз“.
Дои нема позначајни успеси во кариерата, иако 28-годишната Јапонка долго е присутна на ВТА-турнирите. Освои само една титула, а годинава славеше и во Баштад, Шведска, но на турнир од Челенџер серијата.
Единствено што може да биде проблематично за Киз е што Дои е левучарка, а и често се случуваат киксови на следниот турнир, на кој доаѓате со освоена титула од претходниот настап. Сепак Киз имаше време да се одмори и е голема фаворитка против Дои, па ќе типуваме меч со малку гемови.
Предлог тип: <18.5 гема (1.83)
Индепендиенте дел Вале – Фуерца Амарилја (Еквадор, 02.15 часот)
Индепендиенте има 60 годишна традиција, но сè уште е без титула во Еквадор, а некако расте забрзано во последните години. Играа финале во Копа Либертадорес во 2016 година, но во два меча тесно загубија од колумбискиот Атлетико Насионал.
И оваа сезона играат извонредно на интернационалната сцена и со серија победи се пласираа во полуфиналето во Копа Судамерикана. Таму ги чека двомеч со ривал од Бразил, а го чекаат победникот од реванш-мечот меѓу Флуминензе и Коринтијанс.
Мислите им се насочени кон успех во Копа Судамерикана, па дуелот со фенерџијата Фуерца ќе им биде добредојден како загревање за полуфиналето.
Фуерца постои само 20 години, нема значајни успеси, а лани успеа да се пласира во најсилната лига на Еквадор и како игра експресно ќе се врати во Серија Б.
Имаат само пет бода по 22 кола, убедливо се последни на табелата во најсилната еквадорска лига и за нив успех ќе биде ако избегнат катастрофа ноќеска, во последниот меч од 23-тото коло.
Предлог тип: 2-3I&4+ (4.00)