Монако го официјализираше ангажманот на Тиму Бакајоко од Челзи. Французинот се врати меѓу Кнезовите две години по преселбата во Лондон, во новата сезона ќе игра како позајмен играч.
Неможејќи да се избори за место во тимот на Лампард, скапото засилување Челзи повторно оди на едногодишна позајмица, откако Бакајоко лани ги бранеше боите на Милан каде што запиша 42 настапи во сите натпреварувања.
Бакајоко беше дел од составот на Леонардо Жардим во сезоната 2016/17 кога Монако ја освои титулата во француското првенство, а се памети и пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите, каде што беа елиминирани од Јувентус.
💥 𝘽𝘼𝙆𝘼 𝙄𝙎 𝘽𝘼𝘾𝙆 💥 pic.twitter.com/xwQsxWbyIB
— AS Monaco 🇲🇨 (@AS_Monaco) August 31, 2019