ПОСЛЕДЕН ДЕН ОД ПРЕОДНИОТ РОК: Рома носи ѕвезда од Арсенал

Екипата на Рома може да добие големо засилување во последниот ден од преодниот рок. Според најавите на англиските, но и на некои италијански медиуми, Римската волчица започнала разговори за трансфер на Хенрих Мхитарјан од Арсенал. Засега не се познати условите за евентуалниот трансфер, но за реализација на овој трансфер, остануваат само уште неколку часови.

Опцијата е Рома да го доведе Мхитарјан како позајмен играч, со опција да го откупи неговиот договор на крајот од сезоната. Мхитарјан дојде кај Топчиите пред една и пол година и во 56 натпревари даде девет голови.

Денеска завршува преодниот рок во Шпанија, Франција, Германија и Италија. Во Русија преодниот рок трае до 6 септември, а во Португалија тој завршува на 22 септември. Преодниот рок во Бундеслигата завршува во 18 часот, во Серија А ќе трае до 20 часот, а на полноќ ќе заврши времето за купување нови играчи во Шпанија и Франција.

https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1168271093938839553

- Оглас -

Најнови вести