Просечно се победуваше со 21 поен разлика, ќе слави ли во Србија денес со плус 39?

Второто коло на Светското кошаркарско првенство во Кина стартуваше денеска, а анализата од првото коло покажува дека постои неверојатна разлика во квалитет меѓу репрезентациите. По првите 16 одиграни средби, пресметано е дека просечната разлика изнесува 21,31 поени по меч.

На седум меча, победникот славеше со разлика поголема од 20 поени, додека само пет меча завршија со едноцифрена предност. Ако се направи споредба со претходните шест Мундобаскети, ова е шампионатот во којшто во првото коло фаворитите победувале со најголема разлика во просек.

Од мечевите кои денеска се играат, вториот фаворит на првенството, Србија се очекува да има полесен тренинг против Филипини. Дуелот се игра во 13:30 часот, а хендикеп-границата за победа на фаворитот е на 38,5 поени разлика. Во првото коло, Филипини загуби со 46 разлика од Италија (62:108).

 

- Оглас -

Најнови вести