Костиќ отпадна во последен час, Матијашевиќ одбра 14-мина одбојкари за ЕП

Никола Матијашевиќ, селекторот на македонската репрезентација, го објави конечниот список со 14-мина одбојкари што ќе играат на Европското првенство, во првата фаза во Словенија од 12 септември. Во последен момент отпадна средниот блокер Лука Костиќ.

Ќе играме во групата со Финска, Турција, Русија, Белорусија и Словенија, а првиот меч ни е против Финците на 12 септември.

Еве го комплетниот список на одбојкари кои задутре ќе патуваат за Австрија на двомеч со таа селекција, па потоа ќе се преселат во Словенија:

Дарко Ангеловски, Ѓорѓи Ѓорѓиев, Ристо Николов, Никола Ѓорѓиев, Владо Милев, Славе Наков, Александар Љафтов, Александар Милков, Филип Деспотовски, Филип Николовски, Иван Андонов, Филип Маџунков, Стојан Илиев, Васе Михајлов.

 

- Оглас -

Најнови вести