ДЕРБИ НА ДЕНОТ: Италија знае дека пред неа стои „планината“ Србија

Третото коло од Светското кошаркарско првенство треба да донесе повеќе возбудувања. Србија и Италија имаа само полесни тренинзи во првите две средби и „билдаа“ кош-разлика во дуелите против Ангола и Филипини, а сега во меѓусебна пресметка треба да одлучат за првото место во групата.

Италијанците се свесни дека против себе ќе имаат еден од главните фаворити за златото на Мундијалот.

„Пред нас е планина, најдобриот тим на првенството, Србија има сѐ што е потребно. Играчи од врвна класа кои се докажани во НБА и Европа. Сепак, и ние имаме адути кои знаат да направат разлика. Имаме план и ќе се обидеме да ги намачиме. Нема причина да се плашиме“, вели еден од предводниците на Италија, Луиџи Датоме.

Србија победила на осум од последните девет меча со Аѕурите и избраниците на Александар Ѓорѓевиќ очекуваат нов триумф. Дуелот се игра во 13:30 часот, а понудата за обложување од денешната програма на Мундобаскетот може да ја пронајдете на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести