Порторико ќе игра во осминафиналето на кошаркарскиот Мундијал во Кина, по драматичната победа во директен дуел против Тунис со 67:64.
Гери Брауни постигна тројка на пет секунди до крајот, што донесе огромна радост во таборот на Порториканците. Веднаш, во последниот напад Тунижаните се обидоа, но не погодија за продолженија и се простија од амбициите да се пласираат во нокаут-фазата.
https://twitter.com/FIBAWC/status/1169194655138795521?s=20
Претходно, во меч што беше ревијален, Ангола по продолженија ги победи Филипини со 84:81, Полска со триумф од 80:63 го потврди пласманот во следната фаза, а Нигерија во меч на две селекции што веќе испаднаа ја декласира Јужна Кореа со 108:66.