Фаик Весели обезбеди најмалку бронзен медал на Младинските олимписки игри во Буенос Аирес, а вечерва ќе бие битка и за финале против јапонскиот каратист Масаки Јамаока.
Каратето за првпат е на листата на спортови на МОИ, а Весели лошиот старт го претвори во успех. Во првата борба загуби со 0:4 од Ал Асири од Саудиска Арабија, но потоа со две победи си обезбеди полуфинале. Со 1:0 го победи Абдалах Хамад од Јордан, а потоа го декласира Родриго Тељо од Аргентина со 6:0.
Ова е прв медал за Македонија на игрите во Буенос Аирес.