Меси ќе одлучи на Нова година дали ќе си замине од Барса идното лето

Лионел Меси може да си замине од Барселона идното лето, според договорот што го има со единствениот клуб за којшто игра професионален фудбал во кариерата.

На први јануари Аргентинецот ќе има можност да донесе одлука дали ќе си замине од „Камп ноу“, иако засега нема никакви назнаки за такво нешто, пишува „Марка“.

Актуелниот договор со Барселона му е важечки до 2021 година, а засега двете страни немаат никаква активност за евентуално продолжување на договорот.

Меси би добил зелено светло да си замине една година порано, само ако игра за клуб надвор од Топ-5 лигите во Европа. Или на пример, ако ги следи чекорите на неговите некогашни соиграчи Чави и Иниеста, кои настапуваа во Катар за Ал-Сад (Чави) и за јапонскиот Висел Кобе.

И Иниеста и Чави до преселбата во Катар, односно во Јапонија, играа единствено за Барселона, исто како и Меси, кој пристигна во каталонскиот гигант во 2003 и оттогаш настапува за Барса.

- Оглас -

Најнови вести