Американците се восхитени од Србите

Кошаркарската репрезентација на Србија игра неверојатно на Мундобаскетот во Кина. Репрезентацијата предводена од селекторот Александар Ѓорѓевиќ одигра 10 пријателски мечеви и победи на сите. Два пати беше победена Италија, исто така и Литванија, а по еднаш беа победени и Грција, Финска, Франција.

Доминацијата продолжи и на шампионатот во Кина. Ангола беше победена со 46 разлика, Филипини беше понижен со 59 поени предност, а дуелот со Италија иако требаше да биде дерби, на крајот заврши со плус 15 за Србија. Во вториот круг од првенството, Србија повторно ја покажа силата. Против Порторико победи со 43 разлика и на тој начин си обезбеди место во четвртфиналето.

Дури и американските медиуми потенцираат дека Србија е главен ривал на САД за златото.

„Селекцијата на Србија мора да се гледа. Не е новост дека се квалитетни. Тие се главни ривали за сопирање на американската доминација. Мора да признаеме дека играат многу добро. Во просек даваат по 107,7 поени и ќе биде интересно да се види дали ќе продолжат во ист ритам“, стои во дел од анализата на Sports Illustrated.

Во последното коло од втората фаза, Србија ќе игра против Шпанија и тоа ќе биде меч кој ќе решава за првото место во групата.

 

- Оглас -

Најнови вести