Јанис Адетокумбо ќе ја предводи Грција во дуелот против САД, меч во неизвесната К група. Популарниот Грик Фрик многу добро ги познава Американците и во текот на целата сезона покажа дека може да биде доминантен против нив. Сепак, јасно е дека Јанис нема да може сам да се справи со фаворитот, ќе му биде потребна помош од соиграчите.
Низ историјата, Грција еднаш ги има изненадено Американците, кога на Мундијалот во 2006 година славеше со 101:95. САД се очекува денеска да бидат без повредениот Џејсон Тејтум, но сепак, фактот дека ниту Грција не игра многу убедливо на Мундијалот, ги прави Американците фаворити. Се очекува триумф на САД, но Грците да дадат достоен отпор.
Дерби ќе биде и дуелот Франција – Литванија. Галските петли беа перфектни во првата фаза, додека Литванија загуби од Австралија. Секогаш биле неизвесни овие средби. На последните осум меѓусебни дуел, Франција има пет победи, а Литванија се радувала три пати.