Кристијано Роналдо повеќе од 10 години е најголемата фудбалска „фаца“ на американскиот спортски бренд „Најк“. Нивната соработка почна уште во 2004 година, само една година по преселбата во Манчестер јунајтед. Во 2016 година, таа соработка се продолжи на уште една деценија, а „фудбол ликс“ по три години откри сочни детали околу заработката на Португалецот по потпишувањето на новиот договор.
Имено, до 2026 години Роналдо од „Најк“ ќе заработи вкупно 162 милиони евра. Годишно му се гарантирани 16,2 милиони евра, додека за секоја престижна индивидуална награда (Златна копачка, Златна топка) добива дополнителни четири милиони евра.
Знаејќи дека Португалецот ја освои Златната топка на „Франс фудбал“ двапати во 2016 и 2017 година, со посточекиот договор на негова сметка се легнати осум милиони евра.
Овој мегадоговор е само уште еден од низата со кои Роналдо се наметнува меѓу најплатените спортисти во светот.