Легендарниот Јамајканец кој во кариерата се закити со осум олимписки злата и 11 светски медали, вели дека неговите рекорди уште долго ќе стојат во атлетските записи. Јусеин Болт во 2008 година на ОИ во Пекинг постави рекорд на 100 метри спринт од 9.58 секунди, додека на 200 метри рекордот од 19.19 секунди го постави една година подоцна на Светското првенство во Берлин.
„Личноста која ќе ги урне моите рекорди уште не е родена. Сепак, тоа се резултати кои нема вечно да стојат, немам сомнежи дека некогаш ќе бидат надминати. Само се надевам дека за 20 или 25 години ќе можам да им кажам на моите деца дека јас се уште сум тој што ги држи рекордите“, истакна Болт.
Болт по завршувањето на атлетската кариера се проба и во најпопуларниот спорт. Беше на тестирања во Борусија Дортмунд и норвешки Стромсгодсет, додека кратко време играше и во австралиската лига за тимот на Централ Коуст маринерс.