Комична офсајд замка на Андорците (видео)

Турција вчера едвај ги освои посакуваните три бода во дуелот против Андора. Благодарение на Озан Туфан избраниците на Сенол Гунеш во последната минута од регуларните 90 дојдоа до победничкиот гол, а дилемите можеа да ги решат многу порано, да ја искористеа златната шанса која им ја препуштија гостите.

Во 49-тата минута, при прекин на Турците, Андора се обиде да постави офсајд замка, но нивна тактика спектакуларно пропадна по што домаќините се најдоа сами пред голот на гостите. Лоб ударот за малку ќе завршеше во мрежата, но еден од гостинските одбранбени играчи успеа да спречи радост пред самата гол-линија.

Инаку, Андора на овој меч за првпат по 20 години успеа да ја сочува мрежата во првиот час од натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести