Нови проблеми за Србите, ќе стравуваат и од Луксембург

Се редат лошите вести за фудбалската репрезентација на Србија после поразот од Португалија во Белград. Во авионот со кој заминаа за Луксембург, го немаше Душан Тадиќ. Ова ги изненади новинарите кои беа со тимот на селекторот Љубиша Тумбаковиќ.

Фудбалерот на Ајакс има повреда на задната ложа, и тоа е нов пех за офанзивниот ред на „орлите“ кои претходно останаа и без Лука Јовиќ.

Србите без Тадиќ и Јовиќ утревечер ќе мора да атакуваат на трите бода на гостувањето кај Луксембург, за нив само победата е опција ако сакаат да останат во трка за место на Еуро 2020. Тадиќ не е најсреќен со улогата која ја има во националниот тим, во Ајакс игра на позиција која повеќе му одговара. Затоа и неговото отсуство од тимот прв предизвика шпекулации дека можеби го нема во тимот порадо незадоволство, но од ФСС рекоа дека станува збор за повреда.

- Оглас -

Најнови вести