Голманот на Сан Марино прими смешен втор гол на мечот со Кипар и е директен виновник за предноста на гостите од 2:0.
Симоне Бенедетини е аматерски голман и реагираше несмасно во 38-мата минута при ударот на Фотис Папулис, топката му мина и низ рацете и низ нозете и влезе во мрежата.
Сан Марино е најслабата репрезентација во квалификациите за ЕП 2020 година и веќе прими 26 гола на шест меча, меѓу нив и веројатно најсмешниот, вечерва во 38-мата минута на дуелот со Кипар.
Погледнете ја реакцијата на Бенедетини и комичниот гол што му е запишан на Папулис.
https://www.youtube.com/watch?v=y_zHiAW5F90