Србите во шок: Скола пред 17 години не нè растури како денеска

Социјалните мрежи „горат“ по победата на Аргентина против фаворизираната Србија во четврт-финалето на Светското првенство во кошарка. Најинтересни за следење се српските љубители на кошарката, кои тешко го поднесоа поразот од Гаучосите.

„Скола во 2002 година имаше 22 години и на СП ни даде 11 поени. Човекот сега има 39 години и ни даде 20 поени. Ни одржа час по кошарка“, е еден од коментарите на „Твитер“.

Секако, за селекторот Александар Ѓорѓевиќ речиси сите сметаат дека нема што да бара на клупата, дека е време да му го препушти кормилото на некој поспособен, а еден од предлозите за селектор е некогашниот македонски селектор Александар Џикиќ.

- Оглас -

Најнови вести