Не им е денот на Србите – По елиминацијата на кошаркарите, кикс и на младите фудбалери

Лош ден за српските спортисти. По елиминацијата на кошаркарите и пораз од Аргентина, вечерва и фудбалерите на возраст до 21 година не успеаја да ја победат Летонија, иако беа апсолутни фаворити.

Избраниците на Ненад Миловановиќ неочекувано одиграа смо 1:1 во вториот квалификациски меч за настап на следното младинско ЕП, а дури и се спасуваа од пораз. Летонците кои беа апсолутни аутсајдери со коефициент 12 за победа, поведоа во десеттата минута со голот на Регза, а Србите израмнија по 12 минути игра во второто полувреме.

Претходно и кошаркарите на Србија доживеаја пораз и елиминација на Мундијалот во кошарка во Кина, откако Аргентина ги победи со 97:87 и ги исфрли од битката за медали.

Останува сега сениорската фудбалска репрезентација барем малку да ги поправи работите со триумф против Луксембург на гостински терен во квалификациски меч за настап на ЕП 2020 година. Тој меч е во тек и почна во 20.45 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести